Спасовски и како министер за внатрешни работи и како партиски потпретседател за изјавата може да одговара кривично

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 8:12

Призна ли Спасовски дека МВР илегално ги следи граѓаните кои се за бојкот?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го потврди она од што стравуваме и за што предупредуваме дека МВР ги следи и надгледува луѓето кои мислат поинаку од власта иако јавноста досега не беше запознаена дека се води истрага поврзана со кампањата за референдумот.

Во интервју за МИА Спасовски претставен како министер за внатрешни работи а не како потпретседател на владејачката партија вели дека “таа платформа “бојкотирам” која се формира во Република Македонија ние ја следиме и гледаме кои се тие луѓе. И тие имаат легитимно право да излезат со свој став. Меѓутоа бојкотот не е став”.

Тој не прецизира за кого зборува кога зборува во множина дали за Министерството за внатрешни работи или пак за неговата матична партија СДСМ. Дали МВР води истрага без налог на судија за луѓето од движењето бојкотирам кои како што вели Спасовски имаат легитимен став?

Доколку министерот зборува во име на МВР а наведените луѓе се следат без налог на судија тогаш во Македонија во заднина на референдумот се одвива голема афера нов скандал со следење на комуникации за кој мора да има оставки.

Доколку министерот Спасовски зборува за партиско следење на состојбата тогаш го крши Законот за внатрешни работи и член 21 од колективниот договор во МВР кој вели дека вработените во МВР не смеат да изразуваат партиски ставови и убедувања при вршење на нивната работа.

Спасовски во интервјуто за МИА изјави дека се следи работата на луѓето од платформата “бојкотирам” и дека се гледа кои се тие луѓе.

Тој ја обвинува опозицијата дека нема став за референдумот и вели дека тие што бојкотираат имаат легитимен став да го сторат тоа но сепак се следени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести