Носела тоалети и здолништа над колена, како и бои и ткаенини кои биле забранети за одредени настани, и секогаш одбирала драмтични и шокантни парчиња на облека.

Објавил: Весна Петровска | 25 мај, 2019 19:13

ПРИНЦЕЗА НА НАРОДОТ: Им пркосеше на кралските правила и покажуваше колку не припаѓаше на тој свет

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Една од работите за кои најмногу се зборува во врска со принцезата Дајана е непочитувањето на кралските правила, а тоа е на начинот на кој ја користела модата, им пркосела на нормите со што испраќа силна порака. Таа непрекинато ги кршела правилата на облекување, кои денеска се уште се многу строги.

Носела тоалети и здолништа над колена, како и бои и ткаенини кои биле забранети за одредени настани, и секогаш одбирала драмтични и шокантни парчиња на облека.
Најдобар пример за тоа, можеби е што стана позната по „фустани за одмазда“ кои ги носела на денот кога биле вестите за неверството на Чарлс кои се проширија ширум земјата.

Отворено им се обраќала на медиумите

Кога станала дел од кралското семејство, од неа се очекувало да биде послушна и да игра улога на совршена жена во совршено семејство. Оваа режија набрзо била готова кога отворено за своите проблеми во книгата „Дајана“ и во интервјуто на BBC. Зборувала за неверствто и депресијата низ која минувала. Нормално ова многу го разбеснило семејството, што резултирало со пасивна-агресивна војна.

Ги испратила своите деца во училиште

Исто така добро е познато колку време вложила во образованието и во одгледувањето на децата. Во историјата на Британија, кралските родители ( посебно оние кои биле на тронот) биле школувани согласно со нивната позиција. За Дајана тоа беше проблем и покрај големата гужва во кралската куќа, одлучила да ги испрати своите деца во нормално училиште, за да имаат во предвид каква е реалноста и да се дружат со „нормални“ (некралски ) деца. Ова тана традиција и со нејзините внуци.

Ги оставила сите свои проблеми на страна за да им помага на другите.

Во интервјуто и во книгата, таа отворено зборува за својата борба со депресијата ( по раќањето на Вилијам) и за булемијата, што тоа ја натерало да стане гласноговорник за ментално здравје. Таа била жена на која луѓето се угледувале и таа била свесна за тоа. Нејзните изјави не биле само начин да се ослободи од строгите правила на кралското семејство, туку и начин на оние кои и завидувале да докаже дека тоа не се вистински причини.
За монархијата, членовите на кралското семејство секогаш требало да ги задржат своите проблеми за себе.

Не ги почитуваше правилата ни однесувањето во јавноста.

Откако завршила „свадбената фантазија“, Дајана наишла на замерки, тага и досада. Почнала да бара било каква добротворна работа, а потоа и пронашла нова страст кон одредени прашања. Една од нив биле децата, и за разлика од правилата која диктирале кралските родители да се преставуваат како суперхеројски битја кои луѓето треба да покажуваат почитување, Дајана го мразела тој став.

Можеа да ја видат како прегрнува деца, разговара со нив, па дури и дека клекнува пред нив додека зборуваат. Еден момент кој предизвикал огромни контроверзи, било кога одлучила ги посети пациентите заболени од ХИВ, дури и да
ги држи за рака. Тоа најверојатно бил моментот кога ги освои срцата на сите луѓе и кога ја освои една од најважните битки против кралското семејство.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.