И од НАТО ќе добиеме условна покана

Објавил: admin@magazin | 9 јули, 2018 17:00

Пристапот во НАТО зависи од договорот за името!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Атински „Катимерини“ пишува дека во последната декларација на самитот на НАТО во Брисел оваа недела се очекува да се наведе дека пристапувањето на Република Македонија во Северноатлантската алијанса зависи од нејзината ратификација на договорот за името потпишан со Атина минатиот месец.

Според драфтот, во кој , наводнио „Катимерини“ имале увид, условеноста ќе биде нотирана во членовите 59 и 60 од декларацијата.

Владини извори во Грција соопштуваат дека Атина и нејзините партнери се на истата странa во однос на ова прашање, а прашањето било дискутирано и за време на одделни телефонски повици минатата недела од страна на американскиот потпретседател Мајк Пенс на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев.

Весникот пишува дека се очекува во следните 10 дена, Заев да започне со процедурите за организирање на референдумот, односно дека во интервјуто од четвртокот со грчката државна радиотелевизија ЕРТ, Заев рече дека референдумот ќе се одржи во некоја недела од 23 септември до 7 октомври.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести