Само со вакцинација, како што посочува Филипче, можеме да го сочуваме личното здравје, но и да дадеме придонес за зачувување на колективното.

Објавил: Перо Милчин | 22 септември, 2021 17:53

Пристигнаа 110.612 вакцини на „Фајзер”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во нашата земја пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек”. 

Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај граѓаните, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Само со вакцинација, како што посочува Филипче, можеме да го сочуваме личното здравје, но и да дадеме придонес за зачувување на колективното.

-Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се стави крај на пандемијата. Целосната вакцинација ја намалува шансата од заболување од Ковид-19, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход, пишува министерот за здравство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...