Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Македонија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 септември, 2021 12:44

Пристигна донацијата вакцини на „Фајзер“ од Бугарија чиј рок истекува за 13 дена

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонија вчера ја прими донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија, напиша утрово на Твитер шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност, напиша Османи!

Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Македонија.

На овие вакцини „Фајзер“ рокот им истекнува на 30 септември. Требаше да пристигнат на 14 септември. Откако Бугарија соопшти дека ќе ги донира на Македонија, Министерството за здравство соопшти дека тие ќе бидат аплицирани пред истекување на рокот на важност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести