Вакцината е единственото оружје кое го имаме за целосно да се смени сликата за пандемијата не само кај нас туку насекаде во светот.

Објавил: Перо Милчин | 15 мај, 2021 11:43

Пристигна донацијата од Кина,100.000 дози вакцини од Синофарм

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во поликлиниката „Јане Сандански” беше извршено примоопредавање на донација 100.000 дози вакцини од Армијата на Народна Република Кина за нашата земја во борбата против пандемијата. 

Донацијата ја примија министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски.

Солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, а сега се покажа колку е важна во една ваква голема криза, ја враќаат вербата во човештвото. На кутиите од донацијата пишуваше „Пријателот во неволја е поблизок од брат“ и овој акт го потвдува токму тоа. Пристигна значајна количина на вакцини која НР Кина ја донира на нашата земја. 100.000 е бројка која за земја со број на население како нашето може значајно да ја смени сликата на пандемијата, истакна Филипче!

Вакцината е единственото оружје кое го имаме за целосно да се смени сликата за пандемијата не само кај нас туку насекаде во светот.

Изразувам голема благодарност, со ова се потврдува партнерството и близината помеѓу двете земји, двата народи и искрено верувам дека соработката ќе продолжи и во иднина, рече министерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...