Богдана се породи минатата недела, на една приватна клиника во Белград. Бебето е тешко 3 360 кг, долго 53 центиметри.

Објавил: admin@magazin | 13 јуни, 2020 17:57

ПРИСТИГНА ЛУЛКАТА ЗА МАЛИОТ ЖЕЉКО: Цеца не штедеше пари- ВАКА ИЗГЛЕДА УНИКАТНИОТ ПОДАРОК(фото)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вељко и Богдана Ражнатовиќ минатата станаа родители, а фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ стана баба.

Богдана се породи минатата недела, на една приватна клиника во Белград. Бебето е тешко 3 360 кг, долго 53 центиметри.

Породувањето било со помош на царски рез, а ја породил докторот кој ја породи и Цеца, доктор Миленко Пророчиќ. Вељко присуствувал на породувањето и заедно со својата сопруга го чекале наследникот.

Богдана Родиќ после неколку денови излезе од болницата заедно со наследникот во семејството Ражнатовиќ. Таа од болницата излезе држејќи го за рака својот сопруг Вељко Ражнатовиќ, а пред камерите се смееше и изгледаше како никогаш посреќна мајка.

Гордите родители со насмевка на лицето го носеа наследникот во транспортер додека Цеца седна на задното седиште со внукот.

Долго време се зборуваше дека Цеца Ражнатовиќ ќе подари уникатна лулка за малиот Жељко, која е направена според посебни мерки, анатомски правила и материјали што се грижат за здравјето на бебето.

Оваа вест неизмерно ги воодушеви и Вељко и Богдана, кои беа воодушевени од подарокот. Душекот е изработен од природни материјали, кои се зашиени со рака. Тие се, на барање на Цеца, во кралска сина боја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.