Американската амбасада во Скопје која е и одговорна да информира за вакви пригоди, информира дека тој доаѓа за да разговара за поддршката на САД за Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.

Објавил: Македонка Димкин | 18 октомври, 2018 22:45

Притисокот од државниот секретаријат на САД појачан на максиум!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Во посета на Македонија веќе како втор висок претставник  ќе биде заменик помошникот државен секретар за европски прашања од САД, Метју Палмер. Американската амбасада во Скопје која е и одговорна да информира за вакви пригоди, информира дека тој доаѓа за да разговара за поддршката на САД за Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.

Метју Палмер е канцелариски бирократ во Стејт департментот на САД и е заменик помошник секретар вo Бирото за европски и евроазиски прашања. Неговата прва книга беше “Американската мисија”. Еден рецензент пишува: “Има мисија што ја знае јавноста, и мисијата што никогаш нема да ја видиме. Метју Палмер ги знае и двете Мисии … “Друг рецензент пишува:” Метју Палмер создава застрашувачка слика за корумпиран Стејт департмент.

Тој ке се сретне со владини и партиски функционери, вклучително и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Дали после историското писмо на Христијан Мицкоски на Весс Мичел ќе сака да се сретне со него не е познато а не и на неговата Агенда.

На јавноста и е познато дека во Македонија и пред Референдумот во посета се изнаредија европските и светски Дипломати  и лидери како што е германската канцеларка, Ангела Меркел, австрискиот канцелар, Себастијан Курц и други кои беа во земјава со порака дека граѓаните треба да го поддржат Договорот од Преспа и да си го променат вековното име Македонија и со тоа директно се мешаа во внатрешните работи на Македонија, кој што чин „во нивните земји„ ќе биде опишан како брутален и недемократски. За Сторијата да биде уште потрагична дојдоа на недемократски начин да влијаат врз македонските гласачи , за да истите тие македонците подржат нешто што ќе ги самоукине а притоа како награда да влезат и пак без никаква гаранција во демократска Европа. Апсурд!!!

Интересно е што во целава оваа нелогична дипломатија помеѓу поддржувачите на Преспанскиот Договор е и младиот Австриски Лидер Себастијан Курц кој за време на изборите во 2016 дојде директно од Виена да го подржи тогашниот лидер н ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести