Имено многу од земјите членки сметаат дека за ова прашање мора да има решение не било кога туку денес.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 октомври, 2019 10:46

Пријателите на Македонија го блокираа предлогот за одлагање на одлуката до април

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во два часот по полноќ заврши самитот на кој се разговараше за проширувањето на Европската Унија, но се уште не се постигна договор. Франција бара одложување на проширувањето за земјите од Западен Балкан но на ваквото барање, повеќето од земјите членки кои се пријатели на Македонија предводени од Словенија и Малта и поддржани од Бугарија, доцна синоќа го блокирале предлог-заклучокот составен од Ангела Меркел, Емануел Макрон и Доналд Туск, за одлагање на одлуката за отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија за на пролет.

Пријателите на Македонија го блокираа француско-германскиот предлог за одлагање на одлуката до април

Имено многу од земјите членки сметаат дека за ова прашање мора да има решение не било кога туку денес.

Самитот на ЕУ продолжува и денеска, но неизвесно е дали лидерите повторно ќе се навратат на темата за проширувањето на Унијата. Државите-пријатели на процесот проценуваат дека во вакви околности е подобро Самитот да заврши без заклучок.

„Ново одлагање, без јасно преземање обврска дека и во април нема да има нова одлагање, дополнително го нарушува кредибилитетот на ЕУ и ги обесхрабрува земјите-кандидати и нивните граѓани. Подобро да нема заклучок отколку да има лош заклучок“, коментира дипломат присутен на состанокот.

Откако вчера станало јасно дека поради Франција не поминува компромисната варијанта за почеток на преговори и паралелно воведување нова методологија, на маса се нашла идеја за давање зелено светло само за Северна Македонија, а не и за Албанија. Но, иако претходно имаше информации дека Ангела Меркел би се согласила со такво сценарио, на крај таа, Макрон и италијанскиот премиер Џузепе Конте се спротивставиле на раздвојување на двете држави. Холандија и Данска биле „за“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика