Лековитоста на киселата зелка ја надминува лековитоста на многу познати билки. Сто грама кисела зелка содржи дури 20 мг витамин Ц. Потоа витамин А, фолна киселина, магнезиум, фосфор, калциум, калиум, натриум и протеини. Одличен извор е на витамин Б12, затоа особено се препорачува на вегетаријанци и вегани.

Објавил: Весна Петровска | 19 ноември, 2019 11:36

ПРОБАЈТЕ НЕМА ДА ЗГРЕШИТЕ: Излечете ја главоболката само со еден лист кисела зелка

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Дали сте знаеле дека киселата зелка помага да ја отстрани болката во главата.

Лековитоста на киселата зелка ја надминува лековитоста на многу познати билки. Сто грама кисела зелка содржи дури 20 мг витамин Ц. Потоа витамин А, фолна киселина, магнезиум, фосфор, калциум, калиум, натриум и протеини. Одличен извор е на витамин Б12, затоа особено се препорачува на вегетаријанци и вегани.

Тоа што ја прави киселата зелка различна од сировата се пробиотичните бактерии. Киселата зелка е оригинална ферментирана храна природно богата со пробиотични култури. Поради тоа киселата зелка е многу важна во третманот на болести предизвикани од нерамнотежа на цревната флора, особено по терапија со антибиотик или хемо*ерапија.

Киселата зелка го забрзува заздравувањето на рани, а делува и кај реума и воспаление на вените. Локално, можете да го користите за ублажување од чешањето на кожата поради разни алергиски воспаленија, мали изгореници и убоди од инсекти, особено пчели или оси.

На погоденото место ставете ја облогата и завиткајте со завој или газа. Ако имате главоболка, на челото поставете лист од кисела зелка и завиткајте со газа.

Луѓето кои консумираат многу кисела зелка се посилни и поотпорни на болести. Поради тоа, киселата зелка особено се препорачува на стари лица, лица со ослабен имунитет и на деца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...