Денес пред целата Македонска јавност беше побиена лагата на актуелната власт дека тунелот е промашен.

Објавил: Македонка Димкин | 19 ноември, 2018 22:51

Пробиен Тунелот ПРЕСЕКА со должина од два километри

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Инжењерот Аце Стерјоски на неговиот ФБ профил објави екслузивни слики од пробиенот тунел „Пресека„. Овде е важно да напоменеме дека по превземањето на власта од страна на власта на СДСМ токму овој тунел беше на голема врата посочен како промашен, со намера да се оцрни претходната власт која и го започна градењето на овој проект

Само пред два месеци Министерот Анќушев излезе со информацијата дека Кинеската компанија „Синохидро“ побарала фрапантни 152 милиони евра за довршување на изградбата на двоцевниот тунел кај Пресека на автопатот Кичево – Охрид. Вкупната должина на овој тунел изнесува 4 километри. Дали тоа значи дека кинезите побарале 152 милиони за два месеци работа?

Денес пред целата Македонска јавност беше побиена лагата на актуелната власт дека тунелот е промашен.

На свеченоста, во средината на тунелот од другата страна на тунелот со  истакнување на македонското и кинеското знаме и името на компанијата која го изведе овој зафат, беше пречекана екипата која го проби тунелот,  по што беа направени и заеднички фотографии како спомен од  првиот тунел на „Синохидро“ на Европскиот континент.

На пробивањето на тунелот немаше присуство на лица од политичкиот и економскиот живот во земјава. Наскоро се очекува да биде пробиена и втората цевка која е малку подолга од десната цевка и нејзината вкупна должина изнесува 2.011 метри. Свеченоста беше заокружена со дружба со мала закуска во кинеската населба во село Извор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.