Како што соопштуваат од Центарот во моментов регистрирани се 70 заболени, од кои 7 лица се во критична состојба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 април, 2019 13:00

Прогласена епидемија на морбили во цела Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Прогласена епидемија од морбили на територијата на Македонија, денеска ова го потврдија од Центарот за јавно здравје од каде информираа дека била донесена одлука за прогласување епидемија на мали сипаници.

Како што соопштуваат од Центарот во моментов регистрирани се 70 заболени, од кои 7 лица се во критична состојба.

До сега епидемија од морбили беше прогласена само во Скопје и Струга.

Малите сипаници лесно се пренесуваат по воздушен пат преку кашлица и кивање од инфицирани луѓе. Исто така може да се пренесат преку контакт со плунка или назален секрет.

Денешната одлука за прогласување на епидемија во целата држава беше со цел да се спречи понатамошно ширење на малите сипаници.

Инаку бројот на заразени со морбили во Македонија достигна над 960, а само минатата седмица беа регистрирани  126 заразени, што е голема бројка, а се очекуваше доколку не беше прогласена епидемија бројката и драстично да се зголеми.

Мерките што досега важеа за градовите каде што имаше прогласено епидемија сега ќе важат во целата земја. Тоа значи дека ниту едно невакцинирино дете нема да биде примено во градинка. Исто така, се намалува и старосната граница за вакцинирање со МРП од дванаесет на 6 месеци.

Со мерките се опфатении здравствените работници кои задолжително ќе се вакцинираат со две дози.

Вчера Светската здравствена организација повика на подобра покриеност со вакцинација против морбили, кои кај заболено дете можат да предизвикаат смрт или инвалидитет. Според податоците со кои тие располагаат во последните месеци, болеста се повеќе се шири „во земји со висока вакцинална покриеност, вклучувајќи ги и САД, како и Израел, Тајланд и Тунис.

 

 

 

 
 
 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...