Жал ми што вечерва не сум со вас. Ме чека возбудлива недела на мастерсот во Мајами, посакајте ми среќа.

Објавил: admin@magazin | 21 март, 2019 22:32

ПРОГЛАСЕН ЗА ХУМАНИТАРЕЦ НА ГОДИНАТА : Ѓоковиќ помогна на гладни деца, градеше цркви и градинки

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вчера на церемонијата која беше одржана во Народниот музеј во Белград, беше доделена награда за хуманитарност на Новак Ѓоковиќ, а додека пак неговата фондација беше прогласена за најдобра фондација на годината.

Магазинот Diplomacy & Commerce  ја доделува оваа награда по трети пат на компании и организации кои се докажале во хуманитарната работа и друштвено одговорните активности.

Новак не можеше да присуствува на доделувањето на наградите, поради подготовките за мастерсот во Мајами, но за таа прилика испрати писмо и се заблагодари за наградата.

Почитувани драги пријатели.

Жал ми што вечерва не сум со вас. Ме чека возбудлива недела на мастерсот во Мајами, посакајте ми среќа.

Во 2001 година, како член на националниот тим на СР Југославија, Ѓоковиќ стигнал до финалето на Јуниорскиот Дејвис Куп за возраст до 14 години, каде што го загубил мечот во поединечна категорија. На почетокот на неговата професионална кариера, Ѓоковиќ главно играл во групната фаза на турнирите, освојувајќи по три од секој од нив од 2003 до 2005 година. Неговиот прв турнир за пласман бил во Умаг во 2004 година, каде што се соочил со Фелипо Воландри, при што загубил со 6-7 и 1-6. За првпат, тој заиграл на некој Гренд слем турнир во 2006 година, кога се квалификувал на Отвореното првенство на Австралија. Ѓоковиќ заедно со својата сопруга Јелена Ѓоковиќ, на хуманитарна вечера во Њујорк.

Со голема радост ја примив веста дека нашата фондација „Новак Ѓоковиќ„ ја прогласивте за најдобра фондација, а мене хуманитарец на годината.

Од мал тоа го сакав и замислував, а голем број сонови веќе ги остварив на теренот. Освојувањето на трофеи ни прерасна во друга страст. Моите победи повеќе не се само мои. Средствата, гласот и моќта која ја имам сакам да ја споделам со другите на кои им е најпотребна мојата помош. Тоа се децата  кои сакаат да ги остварат своите соништа.

Денеска како никогаш до сега ги преиспитуваме нашите родителски вештини и чувствуваме потреба да помогнеме.

Иако сум на теренот единствен играч, на полето од животот и хуманитарните дела ме исполнуваат и тогаш не сум осамен. Сакам да се надоврзам на оваа награда и да ја посветам на оние кои секојдневно играат мечеви на теренот за хуманост, мојот тим на фондацијата на чело со мојата сопруга, нашите партнери, организацијата која страстно работи и на сите наставници и учители и родители.

Драго ми е што мојот тим го запознавте како тим од доверба и се радувам дека ќе ни се придружите на нашите проекти и ќе поддржите активно нашата работа.

ТОГАШ СИТЕ ЌЕ БИДЕМЕ ПОБЕДНИЦИ
ФАЛА ВИ МНОГУ – НОВАК ЃОКОВИЌ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани