Четири стопански комори во отворен конфликт со владата на Заев која сака "насилно" без консултации на лица од секторот да го воведе прогресивниот данок од Нова година

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 ноември, 2018 12:42

Прогресивниот данок ги скара владата и стопанствениците

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Стопанствениците и се налутија на Владата, ниту се консултирани за прогресивниот данок ниту е отворена јавна дебата, се огласи и УЈП, тие веќе се подготвени за законот кој сеуште е само предлог.

Имено стопанствениците се револтирани што законот за личен доход со кој се воведува прогресивен данок на приходите над 1.500 евра, во Собранието ќе се носи без да се слушне што за него мисли бизнис секторот.

Четири стопански комори обвинуваат дека Владата работи спротивно на ветувањата дека ќе гради партнерски однос при креирање на легислативата.

Не му се даде можност на бизнисот да даде аргументи за реформата и не се испочитува рокот од 20 дена за забелешки, ниту оди во прилог на партнерскиот однос што владата го прокламира. – вели Дриљон Исени Комора на северозападна Македонија.

Владата има спротивен став, тврдат дека во законот се вметнати барањата на стопанствениците. Приходите се предвидени во буџетот и со нив ќе се финансира минималниот адекватен доход, растот на платите во здравството, подобрување на условите во градинките и училиштата и други проекти.

Важно е законот да биде донесен навремено, со цел истиот да стапи на сила од почетокот 2019 година како што беше најавено. Во текот на целата година во јавноста беше отворена дискусија за праведното оданочување и токму дел од барањата на стопанствениците беа земени предвид при креирањето на законот. – соопштија од Министерството за финансии.

Коморите бараа прогресивниот данок да се одложи за 5 години за да не се зголеми даночната евазија и работата на црно, а прагот од 1.500 евра според нив е многу низок и ќе удри на ИТ инженерите. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...