Обвинителството се сомнева дека првоосомничениот во случајот Рекет Бојан Јовановски таму купувал луксузни парчиња облека, но и мебел, од францускиот моден бренд.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 септември, 2019 11:53

Продавачка од луксузната Пјер Карден денеска сведочела за шопингот на Боки 13

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска продавачка од луксузната продавница на Пјер Гарден, каде Боки 13 често пати купуваше луксузни смокинзи, се појави во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде исказ за потребите на истрагата за „Рекет“.

Вилма Рускоска е обвинителката која ја води истрагата за случајот „Рекет“

Обвинителството се сомнева дека првоосомничениот во случајот Рекет Бојан Јовановски таму купувал луксузни парчиња облека, но и мебел, од францускиот моден бренд.

Во моментот за „Рекет“ сведочи Агапи Дика, претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13,  а подоцна треба да дојде и бизнисменот Зоран Азманов кој е сопственик на градежната компанија „Настел“. Тој јавно се препукуваше со Јовановски уште пред да биде обелоденет случајот „Рекет“.

Овие лица кои денеска беа повикани во обвинителството се статус лица од кои може да се добијат потребни информации, и тие засега не се ниту класични сведоци ниту осомничени.

Во случајот „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и Катица Јанева.

Случајот Рекет ја дрма целата македонска јавност речиси два месеци а случајот го обелодени новинарот Бранко Героски со своит еколумни. Подоцна италијанскиот весник Ла верита објави видео и аудио снимки на кои можеше да се забележи и слушне како Боки 13 и Зоран Милески земаат пари од бизнисменот Јордан Камчев, а во случајот е вмешана и сега веќе поранешна специјална обвинителка Катица Јанева, која во моментот одлежува нови 30 дена притвор ов затворот во Шутка.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести