Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го продолжи притворот за 30 дена .

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 август, 2019 15:06

Продолжен притоворот на Боки 13 и Кичеец- ќе останат во Шутка уште 30 дена

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Продолжен притворот на првоосомничениот Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13 и второосомничениот Зоран Милески- Кичеец  во случајот „Рекет“.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го продолжи притворот за 30 дена .

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје соопшти дека постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како „Рекет“, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена.

За потсетување Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.