Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 10 до 17 степени.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 декември, 2020 9:44

ПРОДОЛЖУВААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ – ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ И УТРЕ НОВИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, подолги во источната половина. На запад ќе има услови за слаб локален дожд додека на повисоките планини ќе провејува слаб снег.

Во текот на ноќта и утре особено претпладне врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират на повеќе места. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 10 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 15 степени.

Потоа за време на новогодишната ноќ времето ќе биде ведро со умерена локална облачност. Повеќе облачност ќе има на запад каде ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Температурите на воздухот ќе се движат во интервалот од -2 до 5 степени.

Во првите денови од 2021 година ќе имаме претежно стабилно и суво време со температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...