(ВИДЕО) Акцијата беше прекината синоќа поради лошите временски услови и непристапниот терен

Објавил: admin@magazin | 3 април, 2019 7:43

Продолжува акцијата да се пронајде срушената Цесна на Солунска глава

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Екипи на МВР и на другите надлежни институции денеска ја продолжуваат акцијата да стигнат до остатоците од авионот Цесна кој вчера попладне се урна кај Солунска Глава при што загинаа четири лица државјани на Бугарија.

 

Во оваа авионска несреќа загинаа членовите на семејството Бошнакови: Георги Ангелов Бошнаков (1970), Гергана Бошнакова Георгиева (2005), Билјана Бошнакова Георгиева (2000) и Калина Корнајева Цонева (1972).

Авионот Цесна за кој во 16:16 часот од М-НАВ беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија од припадници на МВР е лоциран нешто по 19 часот на околу пет километри северозападно од Солунска глава, информира синоќа на прес-конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој посочи дека од Охрид полетале четири лица, државјани на Република Бугарија, меѓу кои и едно малолетно лице.

Лоцирани се преку воздушен простор, но временските услови на локацијата биле лоши, па и покрај сите обиди да се пристапи до авионот, тоа синоќа било невозможно поради непристапниот терен.

Загинатите лица се родени  2000, 2005, 1970 и 1972 година. Медиумите во Бугарија објавија дека загинатите се Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и двете ќерки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.