Јавноста од минатото рочиште можеше да види што се било одземено од домот на Боки 13 кој е првоосомничен во случајот. Неверојатни 71 вреќи со луксузни гардароби, предмети, асесоари,повеќе од 120 пара чевли, над 60 капути и јакни, 77 панталони, 63 маици, и 88 пара наочари, е дел од одземената гардероба  од станот кај Боки.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 февруари, 2020 10:22

Продолжува судењето за „Рекет“- ќе се презентираат снимки доставени од Камчев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска продолжува судењето за случајот Рекет, кој се наоѓа во доказна постапка. Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Денеска во Обвинителството ќе се сослушуваат снимки доставени од сведокот Јордан Камчев. 

Јавноста од минатото рочиште можеше да види што се било одземено од домот на Боки 13 кој е првоосомничен во случајот. Неверојатни 71 вреќи со луксузни гардароби, предмети, асесоари,повеќе од 120 пара чевли, над 60 капути и јакни, 77 панталони, 63 маици, и 88 пара наочари, е дел од одземената гардероба  од станот кај Боки.

Судењето за случајот Рекет влезе во нова фаза, и денеска повторно ќе се разгледуваат докази, овој пат на ред се снимките од бизнисменот Орце Камчев.

Од домот во Орман му бил запленет и мебел од брендот Зебрано, перници, четири фотељи, тросед, масички, комода, украсни лустери, но и фигура во облик на мајмун и во облик на куче. Предметите обвинителството ги покажа на слики, а од лукузениот стан, тие биле префрлени со старо комбе во Агенцијата за управување со одземен имот.

Од домот на Катица Јанева кој се наоѓа на улицата „Стрезова“, а од таму беше одземен еден мобилен телефон, а подоцна беше одземен  другиот кој обвинителката го дала на подарок на нејзината невенчана снаа. Од домот на Јанева беше одземен и лап топ, две USB. Со претресот била опфатена и канцеларијата на Јанева во СЈО од каде биле одземени лап топ, ДВД рекордер, два надворешни хард дискови, 9 USB, документи за истрага, отпусно писмо за болничко лекување како и фискална сметка за истото.

Во доказите за предметот Рекет ќе се земат предвид и снимките кои ги објави италијанскиот весник Ла Верита.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски кој призна вина уште на првото рочиште кое се одржа на 3 ти декември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести