Албанскиот театар започна да се реконструира пред четири години како дел од проектот "Скопје 2014-та", а по политичката криза во Македонија никогаш не беше целосно завршен

Објавил: Мартин Попоски | 21 ноември, 2018 7:37

Проектот “Реконструкција на Албанскиот театар”, опомена за Канческа Милевска

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Реконструкцијата на Албанскиот театар која започна пред четири години, основ за ново обвинение против поранешната министерка за култура, Канческа Милевска, за поддршка за уставни измени.

Имено во анализата за обновата на Албанскиот театар стои дека компанијата „Ламоне Мореда“ од Италија, чија македонска подружница требаше да го обнови театарот во 2015 година, за кратко по склучениот договор, отишла во стечеј.

При тоа, заедно со договорите за реконструкција на Албанскиот театар, но и за фасадата на Министерството за правда и катната гаража „Мал ринг“, подружницата на „Ламоне Мореда“, е продадена  на подружница на „Шенција“, друга италијанска компанија во Македонија, која веќе имала склучено договор за подизведувач на истиот проект со „Ламоне Мореда“.

Тоа е против домашните закони. – вели Тасева.

Но и нашите институции делувале противзаконски, дополнува претседателката на комисијата.

Договорот со „Шенција“ е склучен после донесената одлука од судот во Република Македонија, дека се прифаќа судската одлука од стечајната постапка од Италија. А тоа не смее, се разбира. Ама за таква судска одлука се произнел и јавниот правобранител на РМ. – вели претседателката на комисијата.

По склучениот договор со „Шенција“, постигнати се уште 9 анекси, со кои вредноста на тендерот е зголемена за околу 30 отсто и од 8 милиони, тој скокнал на сума од над 9 милиони евра, вели Тасева.

Според неа, причина за пролонгирањето на обновата е што не биле обезбедени сретства на време, па со одлука на претходната Влада, еден тендер бил поништен и покрај избраниот најповолен понудувач. А, во анализата има забелешка и за нестручноста со која е водена постапката.

Не можете да оставите лица кои што воопшто не се квалификувани за таа работа како што се вработените во Албанскиот театар, да водат еден ваков голем проект. – вели Тасева.

Документацијата од случајот сега е кај СЈО и се очекува тоа да реагира.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.