Приемот на децата по воспитна група треба да биде со 10 минути временска разлика на влез, на кој задолжително е обележано растојание од 2 метра, а детето го спроведува еден родител кој секогаш носи заштитна маска.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 септември, 2020 18:12

Промовиран протоколот за градинките: Родителите ќе носат лекарска потврда

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека ќе се прави дезинфекција на просторот и дворовите на градинките и ќе се поставуваат едукативни постери во овие установи.

-Секоја установа треба да обезбеди доволно лична заштитна опрема и задолжително проветрување на просториите. Нема собирање на вработените во градинките. Тие треба да го следат здравјето на децата и нивната состојба. При влез во градинката, на секое дете ќе се мери температура и ќе ги мие рацете. Секој родител ќе треба да донесе лекарска потврда за состојбата на детето. Доколку родителот забележи симптоми на детето, не треба да го носи во градинка, истакна Филипче.

Приемот на децата по воспитна група треба да биде со 10 минути временска разлика на влез, на кој задолжително е обележано растојание од 2 метра, а детето го спроведува еден родител кој секогаш носи заштитна маска.

Во однос на дистрибуцијата на храната, задолжително треба да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти, а лицата кои доставуваат храна задолжително да носат заштитни маски и ракавици. Храната за децата да се остава пред занималната, а децата да јадат во својата занимална со претходно направена дезинфекција на масите и рацете.

„На сите вработени при влегување во установа задолжително ќе им се мери температура. Доколку некој вработен има било какви симптоми на болест истиот треба веднаш да биде отстранет од работа. Не се дозволува собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории. Вработените во установата имаат обврска да го следат сопственото здравје и состојбата на децата при прием и во текот на престојот на децата во установата и во целост да се придржуваат кон општите препораки за превенцијата на КОВИД-19, на работното место и вон него“, информираше Филипче.

Во однос на приемот и престојот на децата во установата, тој појасни дека при прием, на секое дете му се мери температура со бесконтактен термометар, а детето по влез во градинката задолжително ги мие рацете, како и повеќе пати во текот на денот.

„Растојанието помеѓу масите за седење на децата треба да биде од 1,5 – 2м, спиењето е организирано така што децата треба да бидат поставени на креветите според принципот „нозе – глава“ повторно на растојание од 1,5 – 2м, во единечни кревети и постелнина за секое дете, обележени со име на детето. За време на работа, вработените задолжително треба да носат заштитни маски. Воспитните групи за деца до 2 годишна возраст да имаат максимум по 6 деца и двајца вработени во смена. Воспитните групи за деца над 2 години да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена. Секој родител треба да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете. Установата да обезбеди потврда од родителот/ите дека работните задачи задолжително мора да ги извршува/ат на работното место, без можност за работа од дома“, истакна Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.