Со неговата прва сопруга Ксенија, која е главен и одговорен новинар на ТВ Пинк, има две деца, Данило и Милица, а со својата втора сопруга Тамара Вучиќ има едногодишен син Владан.

Објавил: admin@magazin | 7 април, 2022 17:36

Пронајдете го претседателот на Србија? На оваа фотографија е Александар Вучиќ во 1985 година !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Дали успеавте да го пронајдете претседателот на Република Србија ? 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е фотографиран во гимназиските денови во далечната 1985 година.

Облечен е во фармерки, патики и маица со крагна. Вучиќ уште како дете тренирал кошарка и играл фудбал, познат е на српската јавност како голем фан на Црвена Звезда.

Со неговата прва сопруга Ксенија, која е главен и одговорен новинар на ТВ Пинк, има две деца, Данило и Милица, а со својата втора сопруга Тамара Вучиќ има едногодишен син Владан.

Александар Вучиќ е роден на 5 март 1970 во Белград, како син на Ангелина и Анѓелко Вучиќ. Тој во 1993 година се зачленил во крајно десничарската Српска радикална партија на Воислав Шешељ, која се залагала за Голема Србија. 

Александар Вучиќ заедно со сопругата Тамара Вучиќ. Во брак се четири години и имаат едногодишен син Владан. Тамара Вучиќ е вработена во Министерството за Култура.

На парламентарните избори во 1993 Вучиќ бил избран за пратеник во српското Собрание, а две години подоцна, на возраст од 24 години, станал генерален секретар на Српската радикална партија.

Во март 1998 бил именуван за министер за информации во владата на премиерот Мирко Марјановиќ. Како министер изрекувал парични казни за новинарите кои го критикувале претседателот Слободан Милошевиќ, а забранил и неколку странски телевизиски канали. За време на неговиот министерски мандат бил обвинет за спроведување медиумска пропаганда против косовските Албанци и поттикнување етничка омраза. НАТО во април 1999 ја бомбардирал телевизијата РТС поради спроведување меѓуетничка хајка и оправдување на воените злосторства за време на Косовската војна.

Томислав Николиќ, заменик претседател на Српската радикална партија, во септември 2008 поднел оставка поради несогласување со Шешељ околу тоа дали Србија треба да стане членка на Европската Унија.

Вучиќ како генерален секретар се приклонил кон Николиќ, кој во октомври истата година ја основал Српската радикална партија. Николиќ бил претседател, а Вучиќ негов заменик во партијата. Откако Николиќ победил на претседателските избори во 2012, Вучиќ бил избран за нов партиски водач.

Вучиќ бил вицепремиер и министер за одбрана во владата на премиерот Ивица Дачиќ во периодот 2012–2014. Иако Дачиќ формално бил прв човек во владата, многу политички аналитичари сметале дека Вучиќ бил највлијателен човек во владата како претседател на најголемата партија во владината коалиција.

На парламентарните избори во 2014 партијата на Вучиќ освоила 158 од 250 места во српското Собрание и формирала владина коалиција со социјалистите на Дачиќ.

Вучиќ бил избран за премиер на Србија. На претседателските избори во 2017, Вучиќ победил во првиот круг со освоени 56% од важечките ливчиња, додека втор бил Саша Јанковиќ.

Минатата недела исто така Вучиќ му беше исгласан втор мандат како претседател на Србија кој освои 59,6 одсто од гласовите!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.