Заев не сакаше да ги коментира новите моменти во спорот околу името со Грција

Објавил: Македонка Димкин | 9 јуни, 2018 20:41

Пропаднаа ли фамозните преговори со Грција ?

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Молк од страна на премиерот Зоран Заев околу преговорите за името на државата меѓу Македонија и Грција.

Премиерот денеска имаше свое обраќање во рамките на проектот „Предизвик за млади истражувачи”, но во обраќањето не даде изјава околу спорот за името, со образложение дека не сакал да го засени настанот посветен на децата.

Инаку, денеска српскиот портал „Курир” објави дека Македонија и Грција не успеале да најдат заедничко решение за спорот за името и дека со тоа како што пишуваат тие преговорите пропаѓаат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.