Со заклучок на седницата е утврдена и владината делегацијата по повод прославата на националниот празник Илинден 2020 година во Смилево.

Објавил: Владо Марин | 21 јули, 2020 9:42

Прослава на Илинден: Џафери во Крушево, Пендаровски во Пелинце, Спасовски во Скопје

Фото/Текст извор: ©Мкд

За годинешната прослава на националниот празник Илинден, делегацијата во Крушево ќе ја предводи претседателот на Собранието Талат Џафери, на одбележувањето во Пелинце ќе оди претседателот на државата Стево Пендаровски, а во Скопје премиерот Оливер Спасовски.

По повод прославата на националниот празник Илинден 2020 година, на 76 седница Владата заклучи Организацискиот одбор за прославата на националниот празник Илинден 2020 година да го предводи премиерот Спасовски, а во одборот да бидат вклучени претставници на Канцеларијата на премиерот и претставници од Секторот за односи со јавност на Владата, соопштија од Владата.

„Оваа година делегација на Владата на Република Македонија по повод прославата на националниот празник Илинден 2020 година во Скопје ќe ја предводи претседателот на Владата, прославата во Крушево ќе ја предводи претседателот на Собранието на Република Македонија, а прославата на националниот празник Илинден 2020 година во Пелинце ќе ја предводи и ќе се обрати претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски“, пишува во објавата од Владата.

Со заклучок на седницата е утврдена и владината делегацијата по повод прославата на националниот празник Илинден 2020 година во Смилево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести