Полицијата работи на расчистување на случајот.

Објавил: Перо Милчин | 27 јануари, 2021 14:08

ПРОСТИТУЦИЈА, СЕКСУАЛНИ УСЛУГИ: Повторно отворена „Јавна соба“ – групата на која се споделуваа експлицитни фотографии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во „Јавна соба“ минатата година ова време беа регистрирани околу 7.000 корисници кои си разменуваа експлицитни фотографии од девојки од Македонија, некои и малолетни кога минатата година полицијата наводно ја згасна групата на Телеграм за што пишуваше и „Слободен печат“.

Според последните објави на Фејсбук групата е повторно активна, и го прави истото: размена на експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки но овој пат меѓу 5.600 членови на групата.

Полицијата и овој пат е известена но се уште нема официјално соопштение од МВР дека ставиле крај на ваквите злоупотреби и ги пронашле сторителите.

Како што објави Сител, 22-годишна девојка била предупредена од пријател дека нејзина фотографија од Фејсбук се нашла во групата, а објавени биле уште две експлицитни од девојка која многу наликува на неа.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести