Членовите на исландската група држеа палестински знамиња во моментот кога се појавија на екраните, додека водителите ги читаа бодовите што ги добиле од гласовите на публиката.

Објавил: admin@magazin | 19 мај, 2019 2:47

ПРОТЕСТЕН ГЕСТ: ИСЛАНЃАНИТЕ СО ПАЛЕСТИНСКИ ЗНАМИЊА НА ЕВРОВИЗИЈА!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Исландската група Хатари вечерва ги дочека гласовите на публиката во финалето на Евровизија со палестински знамиња.

Членовите на исландската група држеа палестински знамиња во моментот кога се појавија на екраните, додека водителите ги читаа бодовите што ги добиле од гласовите на публиката.

Во директниот пренос што го следеа околу 200 милиони луѓе низ целиот свет, Исланѓаните беа во кадар неколку секунди, но тоа беше доволно долго да се забележи нивниот протестен гест.

Како што изјавуваат: „Ние не можеме да ги смениме нештата. Но можеме да ја разоткриеме аномијата на неолибералното општество, бесмислата на секоја минута помината во бесцелна трка, и на ниската цена за која човекот се продава себеси дури уште побесмислено“.

Тие пред учеството на Евровизија, најавија дека нивното учество е првиот храбар чекор на групата во нивниот глобален план да го оркестрираат неизбежниот пад на капитализмот. Нивниот вечерашен настап беше микс на антикапиталистички, техно-дистописки, садо-мазо перформанс.

Холандија е победник на Евровизија 2019 кое се одржа во Тел Авив, Израел. Данкан Лоренс ја однесе победата за Холандија.
Според гласањето на професионалните жирија од земјите учеснички на фестивалот шведската песна доби 239 бода, а Македонија само два бода помалку, 237. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.