"Заев самиот призна дека прифатил erga omnes за обезличување на државата"

Објавил: admin@magazin | 8 јули, 2018 10:30

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Зоран Заев секојдневно со своите антидржавни политики ги распродава, ги гази и уништува националните интереси на Република Македонија, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Врв на лошите политики  кои што ги турка Зоран Заев е формулацијата на референдумското прашање кое го објави за грчката национална телевизија. Зоран Заев на ЕРТ изнесе манипулативни прашања поистоветувајќи ги аспирациите за ЕУ и НАТО со поддршката за катастрофалниот и штетен договор за бришење на македонскиот идентитет. Со тоа Заев ризикува да ги претстави граѓаните дека се анти НАТО и анти ЕУ, доколку ја осудуваат неговата неспособност да обезбеди подобар договор, кој не би бил на штета само на Република Македонија. На понижувањата им нема крај, Заев се однесува како да е премиер на Грција па ги информира прво грчките граѓани, додека нашите граѓани се информираат од странските медиуми. Неспособноста да се спроведат реформите и да се воспостави правна држава кои ги бара ЕУ, Заев ги компензира со продажба на името на државата, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека на јавноста веќе и е јасно дека на Заев битно му е да ги задоволи интересите на Грција и Мицотакис и Каменос, а не интересите на Република Македонија. Заев самиот призна дека прифатил erga omnes обезличување на државата за да ги задоволи грчките национални барања.

За жал човекот кој денес е премиер, нема чувство за припадност и потврди дека Република Македонија не му значи ништо. Република Македонија слободна и независна е сон на многу генерации во минатото. Денес кога тоа е реалност се распродава идентитетот од оние кои што се на власт. Заев со леснотија се откажа од целокупната историја, од Македонците во Егејска Македонија и ги прифаќа грчките топоними. Бугарите и Србите ќе можат Солун да продолжат да го именуваат вака, а ние поради Заев градот ќе го нарекуваме Тесалоники. За да престанат штетните и не македонски политики потребно е Зоран Заев да замине од власта која не ја заслужува! Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат на протестниот марш кој што го организираме во Струмица, со почеток во 13 часот во градскиот парк во Струмица. Македонија ќе победи!, потенцираат од партијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести