Во Берлин протести, 150.000 демонстранти извикуваа, "Градиме мостови, не ѕидови", "Обединети против расизмот" и "Ние сме неделливи, за отворено и слободно општество"

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 6:12

Протести во Германија против ксенофобијата и крајната десница

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Демонстранти од цела Германија протестираа во Берлин против ксенофобијата и крајната десница.

Организаторите, групи активисти за заштита на човековите права обединети под името “Независни”, соопштија дека на протестот имало повеќе од 150.000 демонстранти.

Демонстранска, дел од протестите во Берлин, држи транспарент со пораката: “Kога неправдата станува закон. Oтпорот е неминовен”.

Демонстрантите носеа транспаренти со написи “Градиме мостови, не ѕидови”, “Обединети против расизмот” и “Ние сме неделливи – за отворено и слободно општество”, а некои играа на поп музика.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас смета дека протестот за отворено и слободно општество во Берлин е важен сигнал за единство.

Ние нема да дозволиме да се разделиме, особено од десничарските популисти. – изјави Мас за весниците од медиумската група “Функе”.

Тој рече дека мнозинството Германци ја поддржуваат толеранцијата и отвореноста кон светот и додаде дека новиот национализам нема да реши ниту еден проблем.

Разновидноста на културното наследство, бојата на кожата, религијата го збогатуваат секојдневниот живот, а не нe загрозуваат. – рече Мас.

*Речникот зборот ксенофобија го дефинира како “страв или омраза кон странците и луѓето од различна култура”.

Во план е значењето на зборот да биде проширено на недопаѓање или страв од “обичаи и култура на луѓе чие потекло е различно од сопственото”.

Зборот има грчко потекло од зборот „xenos“ кој значи странец или гостин и зборот „probos“ кој означува страв или паника.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...