Во Тетово се одржа протест против преголемиот број на коцкарници и обложувалници.

Објавил: admin@magazin | 21 декември, 2018 20:54

Протести во Тетово против “коцкарниците и казината”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Здружението „Антикоцкање“, попови, оџи и граѓани од сите верски заедници – сите заедно го кренаа гласот против овој порок и нелегалната работа на објектите од кои најголем бенефит имаат само големите кланови.

Во Тетово има 35 казина и 100 обложувалници што се наоѓаат покрај училиштата. Револтот на граѓаните е многу голем бидејќи не сакаат казината да бидат во близина на училиштата каде што учат деца, а исто така има и казина што се наоѓаат покрај верските установи и другите јавни установи. Свештениците побараа заедничка борба против, како што велат, „гревот кој ги уништува младите.“
Протестот го поддржа и градоначалничката Теута Арифи.

Таа побара на локалните власти да имаат поголема контрола врз отворањето и работата коцкарниците. Новиот Закон за игри на среќа кој треба да се донесе следниот месец предвидува објектите да бидат минимум 3 километри оддалечени од секое населено место и развивање на национална образовна стратегија која ќе укажува на штетните последици од коцкањето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести