Протест во Словенија!

Објавил: Владо Марин | 21 октомври, 2020 10:08

ПРОТЕСТ НА ПЛОШТАДОТ ВО МАРИБОР ПОРАДИ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС: Премиерот Јанез Јанша- БИДЕТЕ ОЗБИЛНИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во вторникот во 21 часот, за прв пат во историјата на независна Словенија, стапи во сила полицискиот час, односно ограничувањето на движењето помеѓу 21 и 6 часот наутро, а властите ги повикуваат граѓаните да останат во своите куќи.

Од полноќ, дружењето е ограничено на најмногу шест лица, а постои и забрана за движење меѓу регионите.

Воведувањето полициски час во главниот град беше прилично мирно, според хрватскиот портал Индекс и додаде дека нешто по 21 часот улиците станаа празни, а фоторепортерот 24ura на улиците најде претежно само полицајци.

Малку беше поразлично во Марибор, каде што околу стотина демонстранти се собраа на Главниот плоштад. Меѓу другото, тие извикуваа дека полицискиот час не е уставен.

Синоќа, како реакција на протестот, премиерот Јанез Јанша на Твитер објави дека Словенија веќе има над 1.100 новоинфицирани лица во последните 24 часа и ги повика луѓето да станат сериозни.

Утрово владиниот портпарол за коронавирус Јелко Кацин ги повика луѓето да останат во своите домови.

Навистина, остани дома ако можеш. Многумина од нас треба да одат на работа, особено денес. Грижете се за себе и повикајте ги оние на кои им е потребна помош, напиша тој.

Во вторникот вечерта, владата одлучи да се дозволат натпревари во колективни спортови, но само оние на највисоко ниво, додека во индивидуални спортови, големи домашни и меѓународни спортски настани се дозволени без гледачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.