Денеска на социјалната мрежа„Фејсбук“ беше споделено видео за кое се верува дека ја прикажува несреќата и последните моменти на раперот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 септември, 2019 11:01

Протече видео снимка од несреќата во која загина српскиот рапер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото макфакс

Трагедија го потресе регионот откако вчера трагично загина познатиот српски рапер Далибор Андонов Гру, кој животот го загуби во спортска несреќа кај Земун.

Денеска на социјалната мрежа„Фејсбук“ беше споделено видео за кое се верува дека ја прикажува несреќата и последните моменти на раперот.

Инаку српскиот рапер Далибор Андонов, познат под уметничкото име Гру, загина вчера во близина на Наутичкиот клуб „Земун“, откако спортувал на вода.

Далибор Андонов е роден во Димитровград на 8 март 1973 година.

Како што пренесуваат српските медиуми, тој загинал околу 15,30 часот, а од водата го извлекле неговите пријатели.

Веднаш била повиката медицинска помош, но лекарот констатирал смрт на лице место.  Тој загина на своја 47 годишна возраст.

Гру во 90-тите стана еден од најпознатите рапери со хитовите „Бичу ту“, „Петак“, „Срце“, „Доста ми је свега“…

Гру своето последно интервју го даде за Телеграф.рс каде зборуваше колку го сака адреналинот и екстремните спортови.

-Заљубен сум во сноубординг уште од првиот ден кога застанав на даска, далечната 1996 година. Во тоа време би менувал пет летувања за едно зимување. Но, во 2005 година го открива кајтот. Од тогаш не поминува ни ден, а да не погледнам некое видео за кајт или фотографија од летувањето, раскажувал Гру.

Тој додал дека обожава адреналин и покрај сноубординг и кајт, скокал и од авион и имал и други спортски авантури.

– Пред некој ден зборував со еден другар, кој познаваше еден тип кој загина во несреќа. Не можеш да доживееш несреќа, а да не загинеш, рече неодамна Гру.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Видео

Сите ја знаеме љубовната приказна од овој филм и сите стоиме на ставот дека би било поубаво кога крајот би бил поинаков. И бил поинаков, но во текот на монтажата бил исфрлен.

ОВА Е КРАЈОТ НА “ТИТАНИК” ШТО НИКОГАШ НЕ ГО ВИДОВМЕ(видео)

Филмот „Титаник“, проект на познатиот режисер Џејмс Камерон, бил озлогласен како...

Веднаш интервенираше Брза помоши Боки е пренесен во болница. Но она што го скрена вниманието беше човек во униформа,  кој „културно“ го испраќа покажувајќи кон своите препони.

Ја засрами полициската униформа: Полицаец се фати за половиот орган додека го носат Боки 13 во болница!

Додека првоосомничениот за случајот Рекет, Бојан Јовановски го изнесуваат на носилка,...