Инаку, нацрт верзија на концепцијата беше промовирана вчера од страна на министерката за образование и наука Мила Царовска и работната група која го подготви документот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 декември, 2020 10:11

Професор Мемеди: Новата концепција ќе им овозможи на учениците да бидат истражувачи и да учат со разбирање и логика

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Слабите резултати на македонските ученици остварени на меѓународните тестирања досега, препораките на ОЕЦД и други меѓународни организации, но и анкетата спроведена меѓу наставниците во основните училишта кои се изјаснија дека промените во образованието се неопходни заради поквалитетна настава и нивна поголема автономија во реализација на часовите, се основните причини поради кои се пристапи кон изработка на новата концепција за основно образование.

Ова го истакна Лулзим Мемеди, професор на Универзитетот во Тетово и член на работната група која ја изготви концепцијата, за време на гостувањето во емисијата „Објектив“ на Националната телевизија.  

„Концептот нуди решение според кое учениците ќе почнат да учат со разбирање и логички ќе размислуваат пред да донесат одреден заклучок или да постапат во конкретна ситуација. Односно,  ученикот ќе се стави во една нова улога на истражувач, ќе почне да експериментира и сам ќе доаѓа до заклучоци“, потенцираше Мемеди.  

Професорот рече дека реакциите на јавноста биле очекувани, затоа што постојат при секоја крупна промена во било кој сегмент. Па така, конкретно и во образованието најавените промени иницираат страв од непознато кај одредена група наставници дека ќе ги изгубат работните места, што е апсолутно неточно, затоа што со концепцијата ќе се намали бројот на предмети, но нема да се намали времето на престој на учениците во училиштата.

Така што, не е предвидено намалување на бројот на вработени во училиштата, туку напротив ќе бидат потребни дополнителни ангажирања.

Покрај професорот Мемеди, учесници во дебатата на „Објектив“ беа и Кирил Барбареев професор од УГД – Штип и Иванка Мијиќ советник за настава во Бирото за развој на образованието. Учесниците во емисијата истакнаа дека Концепцијата не е документ кој е изготвен „преку ноќ“, туку на истиот се работеше уште од септември месец кога и беше најавено дека започнува процесот на реформирање на основното образование како една од приоритетните цели во програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија.

Инаку, нацрт верзија на концепцијата беше промовирана вчера од страна на министерката за образование и наука Мила Царовска и работната група која го подготви документот.

Согласно заклучок на Владата веќе во тек е процесот на јавна дебата и консултација со сите засегнати страни, со цел усвојување на најдобрата верзија на концепцијата која ќе одговори на потребите на сите учесници во образованието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...