Професорот Росоклија со пост на социјалните мрежи смета дека бојкот на собраниската седница за уставни измени ќе се стигне и до конечна победа за Македонија на Македонците

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 11:45

Професор Росоклија со повик за бојкот на собраниската седница

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Надворешниот член на МАНУ, професор – доктор Горазд Росоклија, кој работи на Универзитетот Колумбија во САД, со став за Собраниската седница за уставни измени.

Професорот Росоклија кој будни ги следи и коментира политичките случувања во Република Македонија, се огласи на социјалните мрежи во врска со започнувањето на Седница на Собранието на Република Македонија со точка на дневен ред, пристапување кон уставни измени.

Според професорот Росоклија, за таква тема не се дискутира, таква тема се бојкотира:

БОЈКОТ!

Бојкотирајте го собранието ќе ги добиете изборите.

Ослободете се од баластот кој ви е наталожен во партијата, ќе добиете многу избори. 

Странците? 

Странците кои сега ве притискаат и ве застрашуваат, утре ќе се договараат со вас затоа што тие секогаш се договараат со победникот, секогаш без исклучок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести