Ако може странец за јавен обвинтиел приниципелно да може и за претседател на државата !

Објавил: Узунов Бобан | 30 август, 2019 8:56

проф. Цуцуловски до Пендаровски: Ако може странец за јавен обвинител приниципелно да може и за претседател на државата !

Фото/Текст извор: ©магазин

ИМПОРТ – ЕКСПОРТ. Интересна е вчерашната изјава на Стево Пендаровски за ангажирање на странци во работата на некои државни институции, како што е функцијата прв човек на СЈО. Следејќи ја оваа насока, зошто не би можело, принципиелно говорејќи (како што убаво се изрази Пендаровски) меѓу првите примери да биде функцијата Претседател на Државата, особено ако се има предвид дека личниот пример секогаш е најснажниот пример.-пишува професорот Љубомир Цуцуловски.

Во спротивно, сѐ останува само на гол збор. Откако ќе се увезе странец претседател (принципиелно, може да биде и премиер) би можело, според примерот на Обединетото Кралство (лулката на парламентарната демократија) да се суспендира Парламентот и без било какви „непотребни“ процедури да се донесат сите потребни закони, акти, договори и сл. Потоа, Собранието би можело повторно да се актвира. Меѓутоа и не мора, бидејќи во парламентите премногу се парлара/зборува, па тоа само им ја усложнува работата на властите. Само на тој начин, ми се чини, котвата ќе повлече напред, што ќе рече надолу. За ова, исто така, би можеле да размислат и советниците на Пендаровски, бидејќи за тоа се платени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести