Јанев, кој е член на Њујоршката академија на науките и научен советник на Институтот за политички науки во Белград, ја поздрави заложбата на Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, за поништување на Преспанскиот договор!

Објавил: Владо Марин | 1 јули, 2020 4:51

Проф. Јанев: Не постои човечко суштество со здрав разум кое би гласало за СДС!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Професорот Игор Јанев, експерт по меѓународна политика и меѓународно право, со порака до гласачите во Македонија за претстојните предвремени парламентарни избори.

Јанев, кој е член на Њујоршката академија на науките и научен советник на Институтот за политички науки во Белград, ја поздрави заложбата на Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, за поништување на Преспанскиот договор!

Д-р Игор Јанев е и член на Њујоршката академија на науките (NYAS). Од 2000 година Игор Јанев бил вработен во Институтот за политички науки во Белград, а во 2010 година ја добива и највисокота научна титула Научен советник (во ранг на редовен професор на Универзитетот во Белград).

Професорот Игор Јанев, експерт по меѓународна политика и меѓународно право, со порака до гласачите во Македонија за претстојните предвремени парламентарни избори.

Во македонските историски движења познато е дека д-р Игор Јанев бил Специјален советник на Министерот за надворешни работи во 2002година. Во научните анализи од 1998 година за легалитетот при приемот на Македонија во ООНоткрил кршење на Повелбата на Обеднинетите нации. Овој исклучителен научен придонес бил објавен во списанието со највисок научен рејтинг во правните науки American Journal of International Law.

Ставовите на Игор Јанев ги презентирал и македонскиот претседател Ѓорге Иванов на 67-то Генерално собрание на ОН во 2012 година, кога го искажал ставот дека при приемот на Македонија во ООН Република Македонија била условена со два дополнителни услови надвор од пропишаните според Поевелбата на ОН!

Според Јанев таквите услови, посебни за македонскиот прием, се противни на Поевелбата на ОН (на член 4 од овој основен документ), според Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда (од Хаг) од 1948година, во кој е искажан ставот дека за специфични услови надвор од општите пропишани во член 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можаат да бидат поставувани на кандидатот за прием.

Ова Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата 1948, како толкување на член 4 на Повелбата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.