Пратеничката од ВМРО - ДПМНЕ, Лашкоска со јасен став, кога веќе прогласивте победа на вашите политики од кои бевме исклучени, зошто сега барате да ја поделиме одговорноста

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 7:36

Процесот го водевте сами, не може сега да ја делиме одговорноста

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеничката Ане Лашкоска на Седницата на Собранието на Република Македонија за уставни измени истакна дека кој го започнал процесот, тој треба да си ја сноси и одговорноста.

Лашкоска ја обвини власта дека процесот за потпишување на договорот го воделе сами без никакви консултации и вклученост на опозицијата и токму заради тоа не може сега сите да ја делат одговорноста.

Сите грчки медиуми прогласија победа во спорот после потпишување на договорот. Македонската страна ги сприфати сите грчки позиции кои што ги имаа нивните политичари. Процесот го водевте сами, а сега сакате сите да ја делиме одговорноста за ововј штетен договор. -рече Лашкоска.

Лашкоска додаде дека со овој договор се укинува македонскиот национален идентитет, писмо, јазик, својата култура, традиција, симболи и доколку поминат овие измени оваа држава ќе биде друга држава без историја и без идентитет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести