Големата љубов и поврзаноста со децата уште повеќе им ја зацврстила меѓусебната доверба.

Објавил: admin@magazin | 8 април, 2019 16:01

Прочитајте како се родила љубовта помеѓу премиерот Заев и Зорица- вака изгледале на свадбата!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица се во брак повеќе од 23 години, се знаеле уште од деца и нивната искрена љубов ја крунисале со брак !

Неговата сопруга Зорица Заева, не често дава интервју за медиумите, но познато е во јавноста дека тие се во брак повеќе од 23 години и од нивната љубов се родиле две деца, Александра која оваа година е матурантка и Душко кој има 16 години. 

Пред неколку години таа го даде последното интервју за фокус, додека нејзиниот сопруг Зоран Заев се уште не беше премиер на Република Македонија.

Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица Заева, пред 23 години на денот на нивната свадба.

Таа тогаш рече дека со Зоран се запознале многу одамна, речиси од деца. Тоа познанство прераснало во љубов и во сериозна врска, веќе во далечната 1995 година, при крајот нивното средното образование.

Во тие времиња Зорица Заева не мислела дека еден ден ќе биде сопруга на лидер на партија, а денеска и сопруга на премиер. Тогаш тие биле фокусирани на нивната врска и плановите за завршување на факултет.

Дури потоа, следејќи ги сопствените чувства и ставови, се пронашле во социјалдемократската идеологија и се активирале во општинската организација на СДСМ. 

Премиерот Заев, заедно со неговата ќерка Александра, која оваа година е матурантка во основното училиште Јане Сандански во Струмица.

Премиерот Заев од кога постанал лидер на СДСМ не бил често дома и таа негова отсутност ја чувствувале нивните деца, бидејќи во последните три години, покрај обврските во општината, Зоран најголемиот дел од времето го поминувал во Скопје.

Зорица изјави дека во одгледувањето на децата им помагале неговите, а и нејзините родители, но кога премиерот бил слободен за викенди тој времето го поминувал со децата и најчесто гледале филмови во домашна атмосфера, правеле прошетки низ градот или се релаксирале на ридовите над Струмица.

Таа изјави дека со нејзиниот сопруг воопшто не чувствуваат љубомора, бидејќи довербата ја граделе со години и до ден денес тие си веруваат еден со друг. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.