По над три декади Битола со Грција повторно ќе биде поврзана со железничка пруга, Анѓушев и Сугарески ветуваат дека ќе е готова до Нова година, засега возови на повидок нема

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 ноември, 2018 7:50

Пругата Битола – Лерин наскоро во употреба, воз во некои подобри времиња

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поставени се шините на пругата од Битола до грчка граница, а до Нова година останува да се довршат другите делови околу пругата, како сигнализацијата, струјата, информатичкиот систем, железничката станица и паркингот.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при увид на градбата рече дека пругата ќе биде пуштена во употреба до Нова година.

Ова беше проект со многу технички проблеми и со проблеми во изведба. Имаше претходно изведувач кој не ги завршуваше работите. Вложивме голем напор за да се надминат проблемите како од технички, така и од финансиски аспект. Пругата со сите свои сегменти ќе биде завршена до крајот на оваа година. Можно е да биде пуштена во употреба до 31 декември. Целокупните градежни работи се завршени, останува да се надеваме дека до Нова година ќе ги видиме и првите возови како поминуваат по оваа пруга. – рече Анѓушев.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески запрашан дали тоа ќе бидат нови возови или ќе се користат старите, рече дека дел од локомотивите ќе бидат поправени, а се друго што е неопходно, ќе се набави.

Најбитно за нас во моментот е да овозможиме оваа пруга да биде функционална. Во делот на возобновување на возовите размислува Владата, а со вицепремиерот и со директорите на Транспорт и железници сме разговарале за поправките на локомотивите. Дел од тие локомотиви ќе бидат во употреба, а се она што треба дополнително да се набави, вклучувајќи возови, ќе биде од наша страна направено. – рече Сугарески.

Пругата од Битола за Грција ќе биде ставена во функција по 30 години. Станува збор за проект од 17.5 милиони евра, од кои шест милиони се ИПА средства, а 11 милиони евра се од буџетот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...