Според професорот по психијатрија на Универзитетот во Улм и шеф на тамошната психијатриска клиника Манфред Спитцер, тоа не е секогаш соодветно решение.

Објавил: Македонка Димкин | 8 април, 2020 22:58

Психијатар од Германија: Карантинот може да доведе до психички нарушувања дури и кај здрави лица

Фото/Текст извор: ©dpa

За да се борат против ширењето на коронавирусот, многу земји воведоа забрани за движење и контакт или на друг начин го ограничија социјалниот живот. Дури и таму каде што со закон не е потребно да се остане дома, луѓето од страв многу ретко или никогаш не излегуваат надвор.

Според професорот по психијатрија на Универзитетот во Улм и шеф на тамошната психијатриска клиника Манфред Спицер, тоа не е секогаш соодветно решение.

» Знаеме дека карантинот, како крајна форма на ограничување на движењето, всушност може да доведе до психички нарушувања, дури и кај совршено здрави лица. Постојат долгорочни истражувања што покажуваат дека по карантинот, постои поголема зачестеност на анксиозност, нарушување во спиењето или дури и посттрауматско нарушување. Нема разлика помеѓу постари и помлади, или мажи и жени. Секој може да биде засегнат, затоа се препорачува ваквите мерки да се воведат само кога се навистина неопходни – објаснува Спицер.

Манфред Спицер (роден на 27.05.1958 година во Ленгфелд кај Дармштат) е германски неврологија и психијатар. Тој е професор по психијатрија на Универзитетот во Улм, а од 1998 година е медицински директор на Клиниката за психијатриски универзитети во Улм, каде што тој раководи и со трансфер центарот за невронауки и учење (ЗНЛ), кој беше отворен во 2004 година и специјализира во невродидактика. Foto Wikipedia

Во интервју за „Дојче веле“, професорот вели дека најважното оружје што човекот го има во борбата против коронавирусот е неговиот сопствен имунолошки систем.

» Знаеме што го зајакнува, а една од работите е излегување на свеж воздух. Секако, најдобро е онаму каде што нема никој, да речеме во шума. Докажано е дека редовното одење во шума на чист воздух, на еден или повеќе часови, го зајакнува имунолошкиот систем. Додека, од друга страна,останувањето дома, му штети. Ова е особено важно за семејствата со деца – истакнува Спицер.

Спитцер е автор на книгата „Осаменост – непризнаена болест: болна, заразна, смртоносна“. На прашањето што многу често му се поставува овој период, дали социјалните мрежи може да бидат замена за социјалниот контакт, тој вели дека критички е настроен кон социјалните мрежи, но во овие времиња тие се дефинитивно начин за да се одржи контакт. Но истовремено и предупредува за дезинформациите што се шират на нив

Угледниот психијатар заклучува дека во моментов телефонот е веројатно „најдобриот социјален медиум“ што го имаме на располагање, затоа што обично остваруваме телефонски повици со луѓе што ги познаваме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...