Гостите на Пиво фест вечерва ги забавува и Миле Кузмановски, Ален Хасановиќ, Уска Кан и Демир Кантуровски.

Објавил: admin@magazin | 20 јули, 2019 0:44

ПУБЛИКАТА ВО ТРАНС: ЦЕЦА ГРМИ ВО ПРИЛЕП ПРЕД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Вчера во Прилеп започна 17-тото издание на Пиво фестивалот кое ќе трае до недела. Вечерашната главна ѕвезда на Пиво Фест е Светлана Ражњатовиќ-Цеца, која пред половина час пристигна во Прилеп.

Во зградата на општината ја пречекаа и новинарите, на која српската звезда со задоволство им одговараше на прашањата. Гостите на Пиво фест вечерва ги забавува и Миле Кузмановски, Ален Хасановиќ, Уска Кан и Демир Кантуровски.

Вечерашната главна ѕвезда на Пиво Фест е Светлана Ражњатовиќ-Цеца, која пред половина час пристигна во Прилеп.ФОТО: Тера

На првата вечер од манифестацијата пристуните кои ги имаше од цела Македонија се забавуваат на музиката од Прилепски Еснаф, Селимова Желчески, но и на рок и рокенрол звуците од Ѓорѓе Давид, Ивана Негатив и Неша Галија.

Пиво фест е пивски фестивал што се одржува во летниот период во градот Прилеп во организација на општината Прилеп и стопанските субјекти од градот.
Фестивалот е од отворен тип, се одржува во центарот на градот.

Учество земаат познати производители на пиво и локални угостители. Посетители доаѓаат од сите краишта на Република Македонија и соседните земји.

Цеца вечерва пристигна во Прилеп. Последен пат во Прилеп ја забавуваше публиката во 2010 година.

Фестивалот е познат по добрата забава, скара и ладното пиво и секако масовната посетеност. Настанот е туристичка манифестација која што има 16 годишна традиција во Прилеп.

Оваа ревија на врвни пива и специјалитети на скара, дополнета со фонот на избрани музички брендови на Балканот, е туристичка атракција, која што предизвикува интерес и кај љубителите на овој тип забави не само од Македонија, туку и пошироко на Балканот. Последните неколку години почетокот на фестивалот коинцидира со верскиот празник „Петровден“, а манифестацијата трае 4 дена. Има извонредна посетеност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани