Во добро расположение, публиката со маски и растојание од еден метар, ужуваше во безвременските хитови во изведба на Дарио, Џокси, Џафер, Лидија Кочовска, Трајче Манев, Ристо Самарџиев, Олгица Христовска.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 септември, 2020 9:23

Публиката со маски и дистанца го славеше 35-от роденден на „Макфест“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчеравечер се одржа 35-тото издание на фестивалот Макфест во Штип, а за прв пат на отворено на Градскиот плоштад “Слобода”.

Во добро расположение, публиката со маски и растојание од еден метар, ужуваше во безвременските хитови во изведба на Дарио, Џокси, Џафер, Лидија Кочовска, Трајче Манев, Ристо Самарџиев, Олгица Христовска.

За прв пат во историјата на фестивалот Макфест кој секоја година се одржува во домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, годинава поради пандемијата со коронавирусот годинава се одржа на отворено на плоштадот Слобода. Публиката со маски и растојание од еден метар можеше да ужива во безвременските хитови. фото слободен печат

Публиката и организаторите преку видео порака ги поздравија фронтменот на групата “Поп дизајн” и Хелена Благне. На овогодинешното издание, организаторите оддадоа почит на починатиот музичар и водител Драган Вучиќ кој годинава ја загуби битката со коронавирусот. Песните кои Драган ги има напишано и денеска живеат, а една од нив е безвременската Свирете ја Зајди Зајди….

Вечерва е финалната и натпреварувачка вечер а на сцената ќе настапат многу изведувачи, меѓу кои: Пере и Нокаут, Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, Биба Додева, Димитар Андоновски, Ѓоко Танески и неколку други.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...