Ранетите се надвор од животна опасност, а нападот е извршен со автоматско оружје марка „шкорпион“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 август, 2019 16:56

ПУКАЊЕ ВО БУДВА: Две лица ранети со автоматско оружје!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што пренесува РТЦГ, непознат напаѓач со силиконска маска на лицето рано изутринава со огнено оружје рани две машки лица во црногорскиот град Будва.

Според РТЦГ, се работи за лицата Горан Словиниќ и Драган Марковиќ, коишто се пренесени во хируршката болница во Котор.

Ранетите се надвор од животна опасност, а нападот е извршен со автоматско оружје марка „шкорпион“. 

Будва е приморски град во Црна Гора. Центар е на општината Будва и има 13,338 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера црногорски: Будванска ривијера), е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземноморската архитектура.

Будва е град стар околу 2 500 години, што го прави еден од најстарите населени места на брегот на Јадранското Море.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.