Вооружениот напаѓач, кој отворил оган откако неговиот автомобил бил запрен од полицијата во саботата попладне, е убиен од полицијата, која го бркала на паркинг во комплекс за забава.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 септември, 2019 10:19

ПУКАЊЕ ВО ТЕКСАС: Убиени се 5 лица и 21 повреден – напаѓачот ликвидиран(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Пет лица загинаа, а 21 се повредени по пукање во близина на градовите Мидленд и Одеса во западен Тексас.

Вооружениот напаѓач отворил оган од својот автомобил, по што бил убиен од страна на полицијата која го бркала на паркинг.

За сега не се објавени детали за загинатите, но еден од повредените е 17-месечно момче што било застрелано во лицето и било однесено во болница во Одеса.

Ова е второ масовно пукање во Тексас овој месец.

Во инцидентот повредени се околу 21 лицe, но за сега не е позната нивната здравствена состојба.

Властите јавуваат дека се уште не е познат и мотивот за нападот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...