24-годишниот Дејан Костовски е разочаран од неисполнетото ветување на Бојан Јовановски кој уште пред две години јавно се понуди дека ќе му ја направи трошната куќа.

Објавил: admin@magazin | 5 јануари, 2019 14:59

ПУКНА ТИКВАТА – БОКИ 13 : “Срам те било, ти си едно големо разочарување”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

24-годишниот Дејан Костовски е разочаран од неисполнетото ветување на Бојан Јовановски, кој уште пред две години јавно се понуди дека ќе му ја направи трошната куќа, во која изби пожар, а тој остана на улица, заедно со неговиот неподвижен татко.

По објавите на социјалните мрежи, Дејан ја извојува битката со институциите и го смести својот татко на геријатриското одделение. На помош се приклучил Боки 13, кој ветил дека Дејан ќе добие нов дом, а за тоа време ќе му плаќа кирија. Но, засега од ветувањата на Јованоски нема ништо.

По објавената приказна на Дејан и притисокот од јавноста, пред две години Дејан се вработи во една обложувалница и сега прима плата од 12 000 денари, но 4 000 денари му задржува банката поради застарени извршителски сметки од неговите родители. Мајка му е почината, а татко му е инвалид, сместен на геријатрија во Ѓорче Петров. Foto: MAKFAX

„Да, точно е, ја плаќаше киријата речиси цела година, не можам да речам не. Но, куќата е иста како пред две години, и уште полошо. Само покривот го направи, мајстори работеа неколку дена и толку. Донесоа и нешто градежен материјал и ете внатре си стои така. Ги контактирав неговите луѓе, велеа ќе биде, стрпи се. Потоа почнаа или да не се јавуваат или да даваат изговори дека Бојан е на состанок. Еве сега на крај ми кажаа ‘киријата ти е платена уште овој месец, ние направивме многу за тебе, ако сакаш продади го градежниот материјал’“, раскажува Дејан.

Дејан сега повторно e на улица. Од дупките на покривот се гледа како провејува снег. Тој рече дека не знае како ќе ја помине зимата.  На помош од Боки 13 не се надева повеќе, затоа повторно ги повика хуманите луѓе да му излезат во пресрет.

„Ако може некој нека помогне, барем едно сопче да направиме, не повеќе. Немам идеја како ќе ја поминам зимата.Нема ништо внатре, празно е и ладно“, вели тој.„Рече ‘не грижи се, имам луѓе во ЕВН, ќе средиме’. Но, ете до денес нема ништо од тоа. Барем да беше искрен и да кажеше со време, можеби ќе се најдеше друго решение“, додава Костовски.

После овој скандал на својата Фејсбук страница се огласи и Боки 13 и рече дека е разочаран од изјавата на Дејан.

Според изјавата на Дејан, Боки 13 му ветил и дека ќе му помогне да направи договор со ЕВН за заостанатите сметки за куќата, но се уште нема нисто од таа работа.

SRAM TE BILO!!!!
NE SPOMENUVAS DEKA NE SAMO KIRIJATA ZA STANOT, TUKU I MESECNITE TROSKOVI TI BEA POKRIENI I PLATENI, NE SPOMENUVAS DEKA NEKOLKU PATI TI BESE DADENA I KONKRETNA FINANSISKA POMOS, NE SPOMENUVAS DEKA KROVOT NA KUKATA I CELATA INSTALICIJA JA NAPRAVIVME, NE SPOMENUVAS DEKA EKIPA NA MAJSTORI SO DONESENI MATERIJALI ZA IZGRADBA BEA VO TVOJATA KUKA I DEKA NE IM GI OBEZBEDI OSNOVNITE USLOVI DA POCNAT SO IZVEDBA I RABOTA, NE SPOMENUVAS DEKA SITE MATERIJALI GI OSTAVIVME VO TVOJATA KUKA ZA DA GI ISKORISTIS KOGA KE GO RESIS PROBLEMOT SO STRUJATA, NE SPOMENUVAS DEKA JAS LICNO, NAJLICNO TI OBEZBEDIV VRABOTUVANJE SPORED TVOJATA STRUKA I SEKOJ MESEC SE GRIZEV ZA TOA DA ZEMES REDOVNO PLATA I DA IMAS DOSTOINSTVEN ZIVOT, NE SPOMENUVAS DEKA JAS LICNO SE BOREV SO OKOLINATA ZA DA BIDES PRIFATEN I DA NE BIDES DISKRIMINIRAN PO NIEDNA OSNOVA!!!!
TI SI EDNO GOLEMO RAZOCARUVANJE, BEZOBRAZNO I NEODGOVORNO COVECE!!!!
SRAM TE BILO DEJANE!!!!

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...