Наводно Брена ја поканила сваќата заедно да уживаат на егзотично патување кое како што пренесуваат српските медиуми требала таа да го плати бидејќи првично рекла дека сака да ги почести, по продажбата на Гранд од која се офајдила за 7.650.000 евра.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 февруари, 2020 17:48

ПУКНА ТИКВАТА: Брена го извиси семејството, ги поканила на одмор и не платила-се испокарале по одморот на Малдивите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред извесен период снаата и свекрвата ги спакуваа куферите и заминаа на незаборавен одмор во Дубаи, од каде пак заминаа на Малдивите.Познатите пејачки Лепа Брена и Александра Пријовиќ, сега Живоиновиќ на одмор беа заедно со семејството а со нив замина и мајката на Александра, Борка Михајловиќ.

Наводно Брена ја поканила сваќата заедно да уживаат на егзотично патување кое како што пренесуваат српските медиуми требала таа да го плати бидејќи првично рекла дека сака да ги почести, по продажбата на Гранд од која се офајдила за 7.650.000 евра.

Но изгледа Брена се премислила па ги платила само авионските карти во вредност од околу 600 евра по лице, а луксузното сместување во хотел кое чини околу 5000 евра не  го платила пишува српски Курир.

Семејството разочарано од Лепа Брена….

Медиумите пренесуваат дека по ваквата превара на пејачката односите во семејството Живојиновиќ се сериозно нарушени.

За српски Курир пријател близок на семејството рекол дека сите се зачудиле од односот на Брена која самата ги поканила сите членови на семејството но и мајката на Пријовиќ.

Брена решила ден пред да заминат на патувањето, да им сопшти да си понесат со себе џепарлак:

„Треба да си понесете 5.000 евра за тројцата, за да ги платите за хотелите“. Филип и Александра биле шокирани! Рекле оти сфатиле дека таа ќе ги плати трошоците, особено затоа што ги поканила на одмор што не го планирале во овој период, на што Брена одговорила: „Па, јас ги платив авионските билети за тројцата вас  – 1.800 евра“ – вели изворот.

Сè веќе било договорено и немало шанси да се откаже патувањето, па решиле сепак да и ’дадат пари за сместување. Но, Филип и Александра многу и се налутиле на Брена, па ретко разговарале со неа за време на нивниот престој во Дубаи и на Малдивите.

Александра со сопругот на одмор на Малдивите…

„Штом стигнаа таму, Филип и даде на Брена плик со пари. После тоа, тие едвај се видоа, затоа што беа повредени од нејзиниот гест. Како што можеби забележавте, тие дури и не сакаа да фотографираат на семејни фотографии, што обично ги прават секогаш кога се на одмор. Борка беше претежно со Филип и Александар, додека Брена и Боба беа одделно. По пристигнувањето во Белград, тие повеќе не се видоа, затоа што двајцата избегнуваат да се сретнат со маќеата“.

Снаата и свекрвата по одморот очигледно е дека не се во добри односи ако се суди по тоа дека до денот на наградите МАЦ, каде што двете настапија се немале видено.

По ваквата постапка на Брена која предизвика конфликт во семејството мн е разочаран и Боба Живојиновиќ кој иссто така не го очекувал ова од неговата сопруга.

 

Брена не го праша ништо, парите се нејзини и таа ги има кај себе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.