Идеолошки судир меѓу Бранко Тричковски и Бранко Героски

Објавил: Узунов Бобан | 15 март, 2019 9:49

Пукна тиквата меѓу Героски и Тричковски и тоа со лични навреди !

Фото/Текст извор: ©магазин

Идеолошки судир помеѓу медиумските перјаници на СДСМ, новинарите  Бранко Героски и Бранко Тричковски, кои пет години соработуваа во „Слободен печат“ во нивната заедничка битка како што знаат да кажат против режимот.   

Бранко Тричковски на Фејсбук најави прекин на соработката со весникот поради несогласување, како што вели, околу клучни теми со уредувачката политика.


При збогувањето со „Слободен Печат“, кое е поради различните погледи несогласувањето со ставовите на редакцијата за договорот со Грција и Бугарија, Тричковски одлучи да го навредува главниот уредник на весникот Бранко Героски. Тричковски за Бранко Героски  кој е основач на првиот независен дневен весник Дневник и еден од бардовите на новинарството во Македонија  го нарече нула, а Владимир Милчин го нарече единица како вредносно малку подобар од Бранко Героски. 


Бранко Героски одговори на Бранко Тричковски дека нема да дозволи цензура во Слободен печат и сервилен однос кон власта. 

БРАНКО ГЕРОСКИ: Синоќа (веќе помина полноќ) колумнистот Бранко Тричковски соопшти дека ја прекинува соработката со „Слободен печат“, поради наводно несогласување со уредувачката политика на весникот. До оваа одлука дојде по вчерашната полемика што ја започна тој на Фејсбук, во пост во кој побара јас и Владимир Милчин да сме ја „оставеле“ Македонија и да сме отишле на пиво, на риба и слично. Се разбира, јас одговорив на тој непристоен обид на Тричковски да заведе некаква комична цензура во весникот што јас го уредувам, а во кој тој пишува колумни од самиот почеток и сите му се објавени без ниту една цензурирана запирка. По полемиката што се разви, Тричкоски ја објави својата одлука, а јас го ослободив од неговите обврски кон весникот, почнувајќи од синоќа

Подолго време раазликата со генералната уредувачка политика на “Слободен печат” јас ја третирав како нешто што можеме, па дури и треба, да го толерираме во рамките на демократскиот дискурс. Веројатно и тие мислеле така. Но, во меѓувреме, тој јаз се претвори во Сент Андерс расцеп, а јас почнав да си изгледам себе си како рокер кој залутал во некој оркестар на гајдаџии и тапанари. Тие ги бендисуваа моите колумни и кога со нив не се сигласуваа, но мислам дека на крајот сфатија дека тоа време е поминато. 
По сите клучни теми: Преговорите со Грција и со Бугарија, двата клучни договора, името и идентитетот, референдумот, односот кон Владата, битката против криминалот, статусот и судбината на СЈО, судските процеси и пресудите, аферашењето, имавме спротивни становишта
Со други зборови, не сакам со своите ракописи да ја легитимирам и афирмирам уредувачката политика на весникот, а не гледам дека има смисла и тие да објавуваат човек што сака да ја убие Македонија и македонскиот јазик и да ги остави нивните деца без идентитет, како што рече Геро во последната расправа, терајки ме да си го поставам истото прашање што си го поставував кога ги гледав Кара Ками Шева Ванковска, Силјановска, Грчева или Ќулафкова: каква е каквоќата на умот врз која е можно да се изврши вакво поблесавување. Бидејки немав квалитетен одговор, си дозволив вака да ја завршам соработката:
Адио, Геро, фрапиран сум од неспособноста да совладуваш малку посложени конструкции, во бинарниот систем на глупавиот македонизам, ти си нулата, Владе, можеби, би можел да биде единицата, но ништо повеќе од тоа. Штета. А бевте убава десетка.
Крај на приказната, напиша Тричковски на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести