Откажана е нивната свадба која беше планирана за 25 јуни, а несудените младенци се разделија во мир.

Објавил: admin@magazin | 1 декември, 2019 14:57

ПУКНА ТИКВАТА: Се разделија МИХАЈЛО ШАУЛИЌ И ДАНИЕЛА само неколку месеци пред свадбата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Синот на Шабан Шаулиќ, Михајло ја раскина веридбата со долгогодишната девојка Даниела Мандиќ.

Откажана е нивната свадба која беше планирана за 25 јуни, а несудените младенци се разделија во мир.

Заедно донеле одлука да ја раскината веридбата и одвоено да ги продолжат своите животи, објавија српските медиуми.

Бившиот пар и покрај разделбата останал во добри односи, како и нивните семејства. 

По заминувањето на Шабан Шаулиќ, неговата сопруга Гордана Шаулиќ и понатаму остана да живее во вилата која вреди милиони. Таа го оствари правото на доживотно живеење во неа, а куќата е припишана на нејзините три деца.

Шабан Шаулиќ загина на 17 февруари 2019 во сообраќајна несреќа враќајќи се од концерт во Билефелд во Германија. Во текот на неговата богата кариера во медиумите и од јавноста го добил прекарот „крал на народната музика“.

Шаулиќ живееше и работел во Белград. Неговите омилени забави беа рибарење, во својата викендица во Крчедин и фудбал. 

Со својата сопруга Гордана има три деца — Санела, Илдуза и Михајло. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.