Русија планира да постави бомбардери, кој можат да носат нуклеарни бомби, во воздухопловната база Гвардескоје на Крим

Објавил: Македонка Димкин | 18 март, 2019 20:18

Путин одговори на провокацијата на САД, на Крим ќе распореди Ту-22М3

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

После почестите пртовокации на САД  и како одговор на американското поставување на систем за ракетна одбрана во Романија, Русија одлучи да распореди стратешки бомбардери Тупољев (Ту-22М3) на полуостровот Крим 

» Русија планира да постави бомбардери, кој можат да носат нуклеарни бомби, во воздухопловната база Гвардескоје на Крим – изјави шефот на Одборот за одбрана и безбедност на Горниот дом на рускиот Парламент, Виктор Бондарев.

Русија го анектира Крим во 2014 година, а рускиот претседател Владимир Путин денеска беше на Полуостровот по повод петгодишнината од анексијата. 

Туполев Ту-22М (руски Туполев Ту-22М, НАТО кодното име: Бегство) е суперсоничен бомбаш четити седишта развиен од советското биро за дизајн Туполев. Откако беше идентификуван од страна на НАТО, беше именуван со наводното име “Ту-26”. Од 22 јануари 2019 година, руските воздухопловни сили имаат 69 подготвени за употреба Ту-22М3

Според украинскиот Устав, Кримскиот Полуостров, се наоѓа во составот на Украина, а политички е поделен на Автономна Република Крим и Севастопол град кој има посебен статус. До март 2014 година Крим бил во состав на Украина кога пратениците во парламентот на Автономна Република Крим со Декларацијата за независнот на Крим од 11 март 2014 година прогласиле независност на Крим од Украина, во што учествуваат и претставниците на Севастопол, додека на референдумот кој е одржан на 16 март 2014 година, жителите на Крим изгласале припојување на Крим кон Русија. Украина не ги признала резултатите од овој референдум како ни неговата легалност.

На 17 март Врховниот совет на Крим ја усвоил резолуцијата за независност од Украина и се обратил до Русија за прием на Република Крим во составот на Руската Федерација, за веќе на 18 март 2014 Република Крим влегува во составот на Руската федерација врз основа на договорот кој го потпишале рускиот претседател Владимир Путин и лидерите од Крим.

Истиот ден и Севастопол постанува дел од Руската федерација како град со федерален статус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.