Се поизвесна средба Путин со северно корејскиот претседател Ким Џонг ун

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 август, 2018 8:34

Путин подготвен за средба со Ким Џонг-ун

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност да се сретне со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун објавија денеска севернокорејските медиуми.

Според истите извори Путин ваквата подготвеност ја изразил во телеграма упатена до Ким по повод 15-ти август Денот на ослободувањето на двете Кореи во Втората светска војна.

“Подготвен сум да се сретнам со Вас во најскоро време за да разгледаме актуелни прашања од билатералните односи и важни регионални теми.” – се вели во телеграмата на Путин.

Рускиот претседател оценува дека односите меѓу Русија и Северна Кореја имаат “пријателски и конструктивен карактер” и изразува увереност дека Москва и Пјонгајнг можат да “развијат соработка во взаемен интерес вклучително и реализација на тристранa програми со учество на Русија – Народна Демократска Република Кореја и Република Кореја”.

Путин уште претходно упати покана до Ким да ја посети Русија а извори во Кремљ информираат дека севернокорејскиот лидер би можел да присуствува на Самитот на Источниот економски форум во Владивосток во септември или да има посебна посета на Москва.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.