Улиците по кои ќе се движи претседателот ќе бидат затворени, шахтите заварени, а на зградите ќе има руски снајперисти, додека граѓаните ќе им биде наредено да не излегуваат на терасите,

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 јануари, 2019 6:17

Путин пристигнува во Србија со 250 руски обезбедувачи и снајперисти

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Улиците по кои ќе поминува Рускиот претседател ќе бидат затворени, шахтите заварени, а на зградите ќе бидат Руски снајперисти, наведуваат од српски „Курир“

Путин наредната недела во четврток ќе биде во Белград на состанок со Српскиот претседател Вучиќ, а доаѓа со 250 руски обезбедувачи, а некои од нив се веќе пристигнати во Србија.
Тие го следат на секое движење, а во соработка со Руските агенди и припадници на српската полиција и служба за безбедност, мерките за обезбедување се подигнати на највисоко ниво.
Авионот од Рускиот претседател ќе биде следен од српски воени авиони се додека не слета, а се проценува дека ќе бидат ангажирани 4000 до 7000 полицајци.
Улиците по кои ќе се движи претседателот Путин ќе бидат затворени, шахтите заварени, а на зградите ќе има руски снајперисти.
Поради големо ниво на безбедност ќе се проверуваат и пешаците, посебно на автобуските и жележничките станици. Во тимот од рускиот претседател има 250 луѓе, има и специјалисти за хемиско оружје, но има и такви кои ќе ја испитуваат и водата која Путин треба да ја пие.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.